ОБЛИКУВАЊЕ НА ИДНИНАТА, СО СЕКОЈ ПОМИНАТ КРУГ
ЗА НАС
MES Racing е тим од 20 посветени студенти од Универзитетот "Кирил и Методиј" - УКИМ. Ние целиме да го изградиме првиот македонски формула тркачки автомобил, истакнувајќи ги инженерските вештини на нашата држава глобално. Нашиот проект промовира диверзитет, инклузивност, и одржливост преку вклучување на жени во мотоспорт, реискористување на делови, минимизирање на отпад, и користење на еколошко гориво. Ние се стремиме да направиме траен впечаток на мотоспортовите, образованието, и околината.
МИСИЈА
Воспоставување на првиот тркачки тим во рамките на УКИМ кој ќе ја започне и ќе продолжи да ја негува мотоспорт културата меѓу студентите и ќе им даде можност за опсежно практично искуство и STEM едукација, како и шансата да поттикне личен и професионален развој при промовирање на инженерска возвишеност и потурнување на границите на автомобилската технологија. Нашата крајна цел е да се натпреваруваме и да постигнеме успех во интернационални Формула Студент натпревари, покажувајќи ги нашите технички вештини, креативност, и пасија за мотоспортовите
ВИЗИЈА
Нашата визија е да се воспостави успешен Формула Студент проект во Северна Македонија, охрабрувајќи ги студентите да учествуваат на реномирани мотоспорт натпревари. Ние целиме да обезбедиме корисно искуство, поттикнеме соработување, и да промовираме инклузивност, создавајќи платформа каде млади инженери можат да ги покажат своите таленти на глобално ниво. Преку нашата посветеност на вештината, одржливоста и етичките практики, ние се стремиме да оставиме значаен впечаток на образованието, заедницата, и мотоспорт индустријата, инсрпирирајќи ги идните генеарција да ја следат својата пасија и да постигнат извондреден успех.